КРЦКА СО СЕКОЈ ЗАЛАК, А ВНАТРЕ СЕ КРИЕ НАЈВКУСНИОТ ФИЛ СО МЕСО…Еве како да ја направите познатата „сариер“ пита со готови кори…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 250 мл):

30 тенки кори за баклава
За фил:
малку масло
500 г мелено месо
2 главици кромид
1 лажичка сол
1 лажичка црн пипер
1 лажичка чили пипер/црвен пипер

За премачкување на корите:
150 г растопен путер
1 чаша млеко
1/2 чаша масло
и уште малку масло за одозгора

ПОСТАПКА:

1.За фил: сипете масло во тавата и пропржете го меленото месо додека да се ослободи од течноста.

Потоа, додајте го ситно сечканиот кромид, солта и зачините и продолжете со динстањето.

Готовиот фил (кога ќе испари влажноста) тргнете го настрана и оставете да се излади.

2.Измешајте растопен путер, млеко и масло.

3.Врз работна површина поставете ја прв ата кора и премачкјате ја со приготвениот прелив. Поклопете со втора кора и повторно премачкјате. Вака преклопете вкупно 5 кори и секоја премачкјате ја со маснотија, освен последната.

4.На широкиот дел од корите распоредете една шестина од изладениот фил и внимателно свиткајте во ролат.

5.Добиениот ролат свиткајте го како потковица, на половина и ставете го на плех обложен со хартија за печење. Повторете ја постапката со останатите кори и одозгора испрскајте/премачкјате ги со масло.

6.Печете ги во загреана рерна на 190 степени 25 минути или додека да поруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.