БРЗИ ПОГАЧИЦИ СО СИРЕЊЕ ЗА 5 МИНУТИ: Замеси и испечи, без квасец, меки и многу вкусни…Ова е еден од најекономичните рецепти со кои добивате многу вкусни печива, а нема да потрошите ниту многу време. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл):
2 чаши цврст јогурт/к.павлака (440 г)
1 чаша масло (200 мл)
1 лажичка сол (5 г)
1 рака ситно сечкан свеж копар или магдонос
150 г ситно сирење или урда
3 кесички прашок за печиво (30 г)
5 чаши брашно (600 г)
За премачкување:
1 жолчка
1 лажичка масло
ПОСТАПКА:
1.Измешајте јогурт, масло и сол. Потоа додајте една рака ситно сечкана билка, ситно сирење и прашок за печиво. Со постепено додавање на брашното замесете меко тесто кое не се лепи и лесно се обликува.
2.Веднаш кинете еднакви парчиња од него, обликувајте ги погачиците и редете ги во плех обложен со хартија за печење.
3.Одозгора премачкјате ги со изматена жолчка во која сте додале малку масло.
4.печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени додека убаво да заруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.