РАКОПИСНА ПИТА СО СПАНАЌ: Брза пита со готови кори…Овој прелив ја прави како да излегла од бурекчилница! Користев „фило“ свежи готови кори кои се навистина огромни, а за да ја исполнам целата тепсија ми беа доволни 3 вакви кори.

Ако не можете да најдете вакви големи кори за пита, користете обчични. Ако се многу тенки корите редете по 2-3 кори една врз друга, секоја премачкана со преливот. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):

3 големи свежи „фило“ кори (околу 400 г)
За прелив:
1 чаша вода (може и газирана)
1 чаша маслиново масло (2 прста подолу)
1 лажица брашно (20 г)
2 лажици скроб/нишесте/густин (40 г)

За фил:
500 г свеж спанаќ
50 г урда/сирење
1 лажичка сол или по вкус
1 лажичка црн пипер во прав
1 лажичка црвен пипер/буковец

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад сипете ги сите наведени состојки потребни за преливот и изматете за да нема грутчиња.

2.Спанаќот ситно исечкајте го, зачинете го и истискајте го со рака за да омекне. Додајте го ситното сирење и промешајте.

3.Отворете една кора и преку целата површина добро премачкјате ја со преливот.

Бидејќи овие кори се големи, пресечете ја на половина, па на секој од краевите распоредете фил и свиткајте во ролат.

4.Ролатите редете ги намастен плех. За „ракописна пита“ првиот ролат се поставува дијаголнано, по најдолгата средишна линија на плехот, па сите други се надоврзуваат и се виткаат, за да се добие ефект на „ракопис“.

5.Питата одозгора премачкјате ја со преостанатиот прелив и ставете ја да се пече во претходно добро загреана рерна на 180 степени додека убаво да зарумени. Оставете малку да подизлади па послужете ја. Постапката погледнете ја ОВДЕ.