ВКУСНИ ЃЕВРЕК ПЛЕТЕНКИ: Најубавиот рецепт што сум го испробала досега! Ѓевречињата се многу вкусни, мирисни, меки и декоративни…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 чаша топло млеко 200 мл
1/2 чаша топла вода 100 мл
1 лажичка инстант сув квасец
1 лажичка шеќер
1 лажичка путер
3 лажици масло
1 лажичка сол
4 чаши брашно
За премачкување:
1 мала чаша меласа или мед
1/2 мала чаша вода
1 1/2 чаша сусам
ПОСТАПКА:
Во подлабок сад растворете ги квасецот и шеќерот заедно со мешавина од млако млеко и вода. Оставете 5-10 минути да се активира квасецот, па постепено додајте ги брашното и солта.
Кога ќе се обликува компактно тесто продолжете со месење додека тестото да почне да се одвојува од ѕидовите на садот. На крај додајте лажичка омекнат или растопен путер и домесете за да се измазни.
Покријте го тестото во садот и оставете го да ферментира на топло место околу еден час или колку што е потребно за убаво да го зголеми волуменот.
Тестото поделете го на 8 дела и од секој дел обликувајте ролнички. Покријте ги со кеса за да не се сушат и оставете да одморат 10 минути.
Секоја ролничка со дланките развлечете ја во тенко и долго валјаче како јаже.
Па, извретете го како да цедите крпа и сплетете го во спирала.
Во еден сад растворете меласа (мед/меласа/јаворов сируп/маџун) со вода, а во друг сад ставете сусам.
Секоја плетенка прво потопете ја во меласата, а потоа во сусамот, да се обложи убаво од сите страни. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење и оставете да стасуваат 15-20 минути додека се загрева рерната на 200 степени.
Кога плетенките ќе нараснат ставете ги во загреаната рерна и печете ги на 180 степени додека убаво да заруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.