НАЈЛЕСНИОТ ТУРСКИ РЕЦЕПТ ЗА ТУЛУМБИ: Однадвор крцкави, а внатре сочни…Направете ги на наједноставен начин…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тестото:
2 чаши вода (400 мл)
1 голема лажица путер (приближно 100 мл)
2 и пол чаши брашно (250 г)
1 лажица масло
1 лажичка шеќер
1 прстофат сол
4 јајца

За шербетот:
3,5 чаши шеќер (чаша од 250 мл)
2,5 чаши вода
малку сок од лимон

ПОСТАПКА:

Прво подгответе го сирупот. За шербетот во соодветно тенџере се ставаат шеќерот и водата и кога ќе почне да врие, се вари на тивок оган 10-15 минути додека малку да згусне.

Додајте сок од лимон, варете уште неколку минути и оставете да се излади. Шербетот мора да биде целосно изладен, па дури потоа започнете со подготовка на тестото.

За тестото во тенџерето измешајте вода, путер, масло, шеќер и сол и ставете на оган да се вари.

Во смесата со зовриена течност додајте го брашното, мешајте со дрвена лажица 5-6 минути и убаво сварете го, да се обликува во топка. Оставете го тестото на страна да се излади.

Откако тестото ќе се излади, едно по едно кршете  ги јајцата во тестото и убаво изматете со миксер.

Закачете ѕвездест продолжеток на готварска кеса и наполнете го тестото во неа.

Тестото истиснете го на ЛАДНО МАСЛО (може и малку да биде млако) и исечете го со подмачкани ножици.

Гответе на средна топлина додека да добијат убава златна боја од двете страни. За ова можеби најдобро е да имате две тави за пржење, па додека едното масло се лади, да пржите во другото, наизменично.

Извадете ги тулумбите од маслото и ставете ги во ладниот сируп и оставете ги да отстојат 2-3 минути.

Нашиот десерт е подготвен. Добар апетит за оние кои ќе го пробаат.