Потребни состојки:
800 г брашно
400 мл млеко
1 коцка свеж квасец
125 г путер/маргарин
1 јајце + 2 жолчки
1 супена лажица сол
1 мала лажичка шеќер
За фил:
125 г путер/маргарин
2 белки
500 г ситно сирење
За премачкување:
1 јајце
сусам или нешто друго по ваш вкус, за наросување
Постапка:
Во соодветен сад соединете млако млеко, шеќер, свеж квасец и една лажичка брашно, добро промешајте и оставете на топло да надојде.
Кога квасецот ќе се активира и запени додадете половина од вкупната количина брашно, 2 жолчки, 1 јајце, путер и сол.
Замесете па потоа додавајте го остатокот од брашното и рачно измесете го тестото додека започне да се одвојува од ѕидовите на садот.
Повторно оставете да нарасне. Премесете го и поделете го на два дела.
Едниот дел од тестото развлечете го со оклагија во правоаголник со дебелина од 0,5 см (отприлика).
Кората одозгора премачкајте ја со претходно пенасто изматениот путер (125 г поделено на половина за двете кори, значи по 62,5 г по кора).
Истото направете го и со вториот дел од тестото.
Белките се матат во цврст снег со прстофат сол, па со лажица потоа се соединува со иситнетото сирење.
Врз премачканиот путер се нанесува од смесата со белки и сирење.
Се витка во штрудла.
Двете штрудли се оставаат во намастен плех уште 10-тина минути да отстојат. Се премачкуваат со изматено јајце и се наросуваат со сусам, па се печат во загреана рерна на 200 степени додека да заруменат.