Навадете ги младите пиперки со овој раствор и тие ќе почнат да раѓаат плодови без престан: НАЈДОБРА ПРИХРАНА!

Ако сте почетници во одгледување пиперки, нивното садење може да биде тешко.

Овие млади растенија имаат специфични потреби за светлина, ѓубриво, пресадување со цел да растат добро и да даваат многу плодови. За растенијата да бидат бујни, со убави лисја, а подоцна и со многу цвеќиња и плодови, треба добро да се грижите за нив.

За ова можете да користите и додаток кој сами ќе го направите од само 3 намирници кои веќе ги имате во вашата кујна. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 лажица сув квасец
1 лажица сода бикарбона
1 литар топла/млака вода

ПОСТАПКА:

Измешајте ги сите состојки. Оставете да отстои два часа. Разредете со 10 литри вода и навадете ги растенијата.

Квасецот содржи витамин Б, минерали и други состојки. Со додавање на квасец во почвата се зголемува концентрацијата на азот и фосфор, а растенијата растат подобро.

Сода бикарбоната ги уништува штетните материи и ја спречува појавата на габи и габични заболувања кај растенијата.