Наближуваат велигденските празници, па ако случајно сте ја одбраче оваа торта за празничната трпеза, бидете сигурни дека сте направиле одличен избор!

Подолу дадените состојки се однесуваат за торта со пречник од 26 см, а вие соодветно можете да ги намалувате или зголемувате состојките според потребите. Еве што ви е потребно според рецептот на Натали:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За една кора (се печат 3 вакви):

5 белки
1 прстофат сол
5 лажици шеќер
5 лажици мелени плазма бисквити
5 лажици мелени ореви
1/2 кесичка прашок за печиво

За фил:

15 жолчки
150 г шеќер
100 г скроб/нишесте/густин
750 мл млеко
300 г маргарин/путер
150 г мелени плазма бисквити
150 г сечкани печени ореви
100 г ситно сечкано чоколадо Milka Noisette
100 г ситно сечкана бела чоколада Милка

Декорација:

слатка павлака (шлаг)
сечкани ореви

Постапка за подготвување на бисквитот:

Одделете ги белките од жолчките. Изматете ги белките со прстофат сол во цврст снег додека постепено додавате шеќер.

Оставете го миксерот настрана, додајте го мелениот плазма бисквит, мелените ореви и прашокот за печиво, па сè нежно соединете со шпатула.

Обложете со хартија за печење калап со пречник од 26 см и распоредете ја смесата. Се пече во загреана рерна на 180 степени 15-20 минути додека да зарумени. На ист начин испечете уште 2 кори.

Фил:

За филот со жица измешајте ги жолчките, шеќерот, скробот и малку млеко, а остатокот од млекото ставете го на оган да се вари.

Додајте ја смесата со жолчки и непрекинато мешајте со жица и варете на средна температура додека кремот да се згусне.

Покријте со проѕирна фолија и оставете да се излади. Во ладната смеса измешајте го маргаринот кој омекнал на собна температура и матете со миксерот додека да стане пенеста.

На крајот рачно измешајте ги искршените плазма бисквити на ситни парчиња, ситно сечканите ореви кои претходно малку сте ги истостирале (испекле) во рерна за поубава арома, а потоа ситно исечканите двата вида чоколада. Нежно измешајте да се соедини.

ФИЛУВАЊЕ:

Се филува тортата на следниот начин: кора – фил – кора – фил – кора – фил. Колачот премачкајте го со шлаг и обложете ги страните со сечкани ореви.