Најдобриот чоколаден десерт што некогаш сум го јадел! Рецепт за 5 минути, без печер! Без желатин, а стои цврсто и убаво се сече…Секој може да го направи, па дури и почетници…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
220 гр бисквити
1. фил:
600 мл млеко
90 г шеќер
30 г брашно
30 г пченкарен скроб
30 г какао
20 г путер
малку ванилин шеќер
2. фил:
600 мл млеко
90 г шеќер
30 г брашно
30 г пченкарен скроб
20 г путер
малку ванилин шеќер
За глазура:
100 г чоколадо
120 г слатка павлака 33% мм
сечкани кикирики
ПОСТАПКА:
Обрачот за торта поставете го врз десертна чинија, па дното и ѕидовите обложете ги со бисквити. нема потреба да ги натопувате во млеко, зашто подоцна ќе омекнат од кремот.
Во тенџере измешајте 90 г шеќер, 30 г брашно, 30 г какао во прав и 30 г скроб. Постепено додавајте 600 мл млеко и мешајте додека да се изедначи и да нема грутчиња.
Ставете на оган и загревајте со непрекинато мешање. Сварете го кремот додека да ја постигне посакуваната густина. Пред крајот додајте ванила и путер. Мешајте додека да се растопи и инкорпорира.
Добиениот крем сипете го врз бисквитите, додека е сè уште топол. Оставете настрана да се олади.
На ист начин пригответе го и жолтиот фил и сипете го врз кафеавиот фил. Оставете да се олади, а потоа пригответе ја глазурата.
Загрејте ја слатката павлака (не смее да зоврие), па додајте го чоколадото искршено на коцки и мешајте додека да се растопи.
Сипете врз белиот крем, распоредете, декорирајте со сечкани кикирики/ореви/лешници и оставете да се олади. Постапката погледнете ја ОВДЕ.