Home Останато Живот ПОТРЕСНА ПОРАКА: Си реков „Сузана, мораш напред! Ја изгубив, косата, веѓите, трепките,...

ПОТРЕСНА ПОРАКА: Си реков „Сузана, мораш напред! Ја изгубив, косата, веѓите, трепките, силата…Животе имаш ли душа?! Јас имам и сум борец и веќе се чувствувам како победник!

Животната приказна на Сузана Роусалис е вистинска инспирација и поддршка за сите што се борат со канцер, како што е и самата таа. По втор пат се соочува со агpесивната хемотерапија од која ја изгуби и косата, веѓите, трепките… Ова е нејзината порака:

„19 јануари 2022 година…Убав ден! Но, будењето беше необично, со болки. Следеше контрола, па резултати…и одеднаш како гром од ведро небо, ми беше соопштено: КАНЦЕР! Животе имаш ли душа?!

Собрав сили, морам напред…Почнав со операции, една, па втора, па трета…И кога мислев дека сè се заврши, после 4 месеци ме чекаше нова борба…хемотерапија и зрачење…

Ах! ах! ах! Велат дека здравиот човек има 1000 желби, а болниот само една! Си реков „Сузана, мораш напред!“ Помина и тоа. Големо благодарам до Гинекологија Скопје.

Во јуни заврши сè и се вратив во Грција (тука живеам и работам). Помина една година и повторно таа подмолна болест!

ОХ, ЖИВОТЕ ИМАШ ЛИ ДУША?! ОК, ако немаш ти, имам јас!

Повторно сум на хемо – многу појака од претходната. Да, од првата хемо ја изгубив косата, веѓите, трепките, силата на телото…НО! Сето ова се обновува, не мораме да се покриваме со перики…

<

Тоа сме ние, ние кои чекориме тежок пат, ние кои со гордост можеме да се наречеме БОРЦИ!

Затоа борци мои, ГЛАВАТА ГОРЕ! Вашата убавина е во душата, сјајот во очите, насмевката е вашето добро утро…ЈАС СЕ ЧУВСТВУВАМ ВЕЌЕ ПОБЕДНИК!

Автор на текстот Сузана Роусалис / Галама / NMD.mk