ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИ ЖЕНАТА КОЈА НЕМА СРЕЌА ВО ЖИВОТОТ? Овој СОВЕТ треба да го послуша секоја од нас! АКО ЖЕНАТА НЕ Е СРЕЌНА ВО ЖИВОТОТ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИ: Сократов совет кој секоја од нас треба да го послуша…
Душко Радовиќ тврдеше дека треба да се има дарба дури и за среќа, бидејќи среќниот човек создава среќа, а вие што велите за тоа?
„Велат дека доброто е секогаш онаму каде што не сме во моментот, а лошото е секогаш таму каде што сме сега“, рекол Сократ.
Директорка на маркетинг агенција има завршено два факултета и има толкава плата што секој месец може да купи нов стан.
Таа живее на луксузна локација, ги вози најдобрите автомобили и три пати годишно оди во најдобрите одморалишта во светот.
Сепак, таа јавно признава дека е несреќна. Таа нема сопруг, нема деца, а тој што го чекала – се оженил минатата година.
„Да бев малку поглупава, ќе бев среќна. Немаше да размислувам за ситници, ќе се омажев за првата личност што ќе дојдеше, ќе родев три деца, едно по друго.
Секој ден би размислувала само на тоа чии заби излегле, кога треба да ги преоблечам и да ги наранам“, кажала таа.
„Дали така сакаш да живееш?“
„Да, како и сите други. Како оние семејства во рекламите кои седат на маса додека нивната мајка прави палачинки.
Сакам да бидам таа мајка“, одговорила таа, несвесна за фактот дека тие луѓе во рекламите сакаат да живеат како неа.
Една жена не можела да роди дете. Со години живеела со својата голема љубов од средно. Имале пари, па по пет години неуспешни обиди отишле на вештачко, кое пак се пролонгирало за уште пет години.
Наводно докторот или некој друг и рекол да проба со друг маж, бидејќи таа и нејзиниот сопруг „можеби не биле генетски компатибилни“.
Го оставила сопругот и во очајна желба да роди дете, нашла друг маж, па трет и така натаму. Конечно, по неколку години обиди, таа родила дете со деформитет.
На крајот и се доверила на мајка си дека тоа воопшто не е она што таа го посакувала и дека била крајно несреќна.
Но, што е среќа?
Мудриот Сократ рекол:
„Обичната логика вели: ако си несреќен – тогаш немаш среќа. Ако немаш среќа, тогаш побарај ја.
Парадоксалната логика вели: ако ја бараш среќата, тогаш ќе ја изгубиш. Затоа е најдобро да седнетете и размислите, и да сфатите дека среќата е она што го имате.
Вие сте среќни, но заборавате да го цените она што го имате, а среќата ја прават многу нешта, па дури и најмалите ситници“.