Home Останато Корисно СО СЛЕДНИОТ ТРИК ЗАКОРАВЕНАТА МУВЛА ИСЧЕЗНУВА ЗА ЕДЕН ЧАС: Воопшто не е...

СО СЛЕДНИОТ ТРИК ЗАКОРАВЕНАТА МУВЛА ИСЧЕЗНУВА ЗА ЕДЕН ЧАС: Воопшто не е потребно да рибате, со 1 потег ја снемува целата нечистотија

Генијален трик за чистење на фугите во бањата, испробате го, ќе бидете изненадени!

Бањата е едно од најсложените места за одржување, а упорната мувла е најголемата главоболка за сите дами кои упорно се трудат да се ослободат од неа.

Сепак, на TikTok постои еден многу популарен трик кој делува за само еден час, а после тоа воопшто не е потребно да вложувате напор во чистењето – нечистотијата се отстранува со еден потег!

Ако и вие имате проблеми со мувла во бањата или на друго место, задолжително пробајте го следниот производ, не чини многу, а оние што го испробале велат и дека и тоа како делува!

Сè што треба да направите е да земете парче хартиена салветка (тоалетната хартија е премногу мека и пребрзо би се распаднала), преклопете ја и ставете ја на зглобовите.

Откако ќе го направите тоа, истурете малку избелувач врз хартијата и оставете да кисне до 60 минути. Видеото погледнете го ОВДЕ:

<

Откако ќе го подигнете парчето хартиена салветка, мувлата едноставно исчезнува, се тврди во видеото. Звучи апсолутно брилијантно, но некои не се толку убедени во овој метод.

Прочитајте: „МОЛЕРИТЕ ОТКРИЈА ОДЛИЧЕН ТРИК ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ВЛАГАТА ОД SИДОВИТЕ: Потребна ви е само една неочекувана состојка“ – ОВДЕ.

„Никогаш не верував во ова, но кога го пробав бев пријатно изненадена и толку среќна, па ако и вие се двоумите, само обидете се“, коментира една корисничка на TikTok, додека друга додаде: „Мајка ми се колне во овој метод, навистина функционира“.

Меѓутоа, трет корисник напиша: „Ова нема да го реши проблемот. Избелувачите не ја убиваат мувлата, туку ја избелуваат и кога мувлата ќе се врати ќе биде полошо секој пат“.

Прочитајте: „Влагата и мувлата се тивки yбијци – направете ТЕСТ дали во вашиот дом има СКРИЕНА ВЛАГА“ – ОВДЕ.

Наместо тоа, друг корисник на TikTok предложи да се користи алкохолен оцет наместо белило, што звучи како помалку агресивно решение.

„Користете сода бикарбона и алкохолен оцет, смесата оставете ја да делува 30 минути, па исплакнете, а ќе заблагодите ми подоцна“, предложи тој.