САМО БРАШНО, ВОДА И ЈОГУРТ: Лесен рецепт со мерки на чаша, и на почетници им успева! Еве што ви е потребно за да ги приготвите овие вкусни печива:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
(се мери со чаша од 200 мл и мала чаша од 125 мл)
2 мали чаши вода (250 мл)
1 мала чаша цврст јогурт или кисела павлака/к.млеко
1 мала лажичка сол
1 кесичка прашок за печиво
6 чаши брашно (600 г)
За премачкување:
100 г растопен путер
1/2 мала чаша масло
ПОСТАПКА:
Во подлабок сад измешајте вода и цврст јогурт, па додајте половина од брашното, сол и прашок за печиво. Мешајте со лажица додека сето да се изедначи, па додајте го остатокот од брашното и замесете со рака.
Кога ќе добиете компактно тесто, домесете го на работна површина неколку минути за да се измазни и стане еластично. Тестото е меко, но не треба да се лепи за рака. Поделете го на 4 еднакви дела, па секој обликувајте го во топче.
Оставете ги врз набрашнета површина и покријте ги со крпа за да одморат 15 минути. По изминатото време тоа ќе се опушти и полесно и полубаво ќе се работи со него.
По изминатото време земете едно тесто и врз набрашнета површина развлечете го во тркалезна кора со дијаметар од 50 см. Користете брашно по потреба за да не ви лепи при развлекувањето.
Преку цела површина кората премачкајте ја со мешавина од растопен путер и масло.
Потоа здиплете ја, исто како за лиснато тесто, но не до крај (обично се дипли како книга). Од лева страна преклопете до средина на кората, па од десната страна преку двојниот преклоп, за да добиете долгнавест правоаголник од 3 листа.
Намастете одозгора, па од едниот крај започнете да ја виткате кората како ролничка. Кога ќе завршите со виткањето, ролничката исправете ја држејќи ја со едната рака, а со другата притиснете ја одозгора за да се сплеска и да се добие како топче.
Постапката повторете ја и со останатите три теста, а секое завршено „спакувано“ топче редете го под кеса или крпа за да не се суши.
Кога ќе ги завршите сите 4, наредете ги во набрашнета тепсија и покријте ги со кеса, па оставете ги да одморат 30 минути во фрижидер.
По изминатото време посипете ја работната површина со малку брашно, земете едно од тестата, посипете го и него со малку брашно, па малку по малку развлечете го со дијаметар од 15 см, најпрво со дланката, а потоа и со оклагија.
Вака приготвените питички наредете во намастен плех, па секоја одозгора премачкјате ја со преостанатата мешавина од масло и путер. Со виљушка направете кружни шари (не мора, но изгледаат декоративно откако ќе се испечат).
Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 190 степени додека да добијат убава златнокафеава боја. Оставете ги малку да подизладат пред послужување. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете ОВДЕ.