Потребни состојки:

5 лажици црвен кантарион

4 лажици кантарион

3 лажици корен од глуварче

2 лажици коњски опаш

2 лажици иситнета калинка

Постапка:

Земете една лажица од оваа мешавина и прелијте на навечер со една чаша ладна вода.

Наутро ставете на оган и загрејте до вриење, но не го варете чајот, туку тргнете го веднаш од огнот.

Поклопете и замотајте го со ќебе да отстои на топло 40 минути.

Процедете го чајот и пијте по една третина од чашата, трипати дневно пред јадење.

Приготвениот чај чувајте го во фрижидер.

Овој чај го чисти организмот и корисен е против алергии, посебно успешно ги прочистува дишните патишта.