ПОСНА КОМПИР САЛАТА СО ПРАЗ И СУВИ ПИПЕРКИ…Не знаеме за доста, нешто највкусно од синоќешната слава, веднаш побаравме рецепт…
Овој рецепт во тетратката на мајка ми е запишан како „македонска салата“ затоа што го добила од колешка од Македонија. Прекрасна салата од компири, праз и суви пиперки е нешто како класична салата од компири, но уште поубава.
Рецептот е погоден за денови на пост. Кај нас традиционално е на трпезата за Бадник, а јас го подготвувам преку целата година. Рецепт на „Медведица“. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 големи компири, околу 700 г
5 суви црвени пиперки
60 г праз (може и повеќе)
4 лажици масло
2 лажици бел вински оцет 9%
1 рамна лажичка сол
мелен црн пипер
ПОСТАПКА:
Сварете ги компирите во лушпа и оставете ги малку да се изладат. Излупете ги и крупно исечкајте ги на рустикален начин, со виљушка. Сувата пиперка ставете ја во зовриената вода и варете ја околу 5 минути.
Провлечете ја низ ладна вода и исечкајте ја на помали парчиња. Исечете го празот на дијагонални кругови или коцки, но повеќе зелен отколку бел дел. Соединете ги топлите компири, сувите пиперки и празот.
Зачинете со сол и мелен црн пипер и додајте оцет и масло. Имајте на ум дека компирот впива многу сол, затоа секогаш пробајте и прилагодете го вкусот пред сервирање. Послужете го топло или ладно. Рецепт на „Медведица“ / Сооlinarika.сom