Ако имате 3 банани, не пропуштајте го овој ХИТ КОЛАЧ: Ред бисквити, ред банани, ред крем…Се топи во уста! Вкусот на овој десерт го освои моето срце! Многу брзо, лесно и вкусно! Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
250 г бисквити, 45 парчиња со какао (или по избор) 3х3 во ред, вкупно 5 реда
За фил:
3 банани, исечкани на прстени
120 г шеќер
60 г слатка павлака со 33-36% мм, малку загреана
60 г путер
За крем:
150 г крем сирење (маскарпоне, филаделфија, абц…)
300 г кисела павлака или цврст јогурт
40 г шеќер во прав
10 г ванилин шеќер
200 г слатка павлака
ПОСТАПКА:
ЗА ФИЛ СО БАНАНИ: Најпрво пригответе го филот со бананите. Исечете ги на тенки прстени со дебелина од 3-5 мм.
Во сува тава сипете го шеќерот и загревајте го на умерена температура со повремено протресување. Кога ќе се растопи и ќе добие карамел боја, дури тогаш промешајте го за да се растопи целиот шеќер.
Веднаш сипете ја топлата слатка павлака. Внимавајте, ќе се формираат меури, а карамелот знакратко ќе стврдне, но со мешање сето ќе се растопи и соедини.
Потоа додајте го путерот исечкан на коцки и мешајте додека и тој да се растопи и соедини.
На крај додајте ги бананите и мешајте една минута колку што е потребно за да се обложат рамномерно со карамелот. Тргнете го филот настрана во посебен сад да се лади на собна температура.
ЗА КРЕМ: Сите наведени состојки сипете ги во подлабок сад. Матете со миксер додека смесата да се згусне и стане кремаста. Од приготвениот крем тргнете настрана 2-3 лажици и чувајте ги во фрижидер за декорација на тортата (за обложување од страните).
ФИЛУВАЊЕ: на дното од калапот премачкјате тенок слој од крем.
Наредете 5 реда бисквити и секој ред премачкјате го со крем, а помеѓу првиот и третиот слој распоредете по половина од филот со бананите.
Одозгора декорирајте со крупно рендано чоколадо.
Тортата оставете ја да се лади во фрижидер преку цела ноќ или 3-4 часа, па отстранете го обрачот и премачкјате ги страните со кремот кој претходно го тргнавте настрана.
Деталите од презентацијата можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.