ПРАЗНИЧЕН КОЛАЧ….НАПРАВЕТЕ ГО СПОРЕД ЕДНОСТАВНИОТ РЕЦЕПТ….Вреди да си го запишете! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 г меко брашно
100 г остро пченично брашно
20 г скроб/нишесте/густин
1 прстофат сол
½ кесичка прашок за печиво
3 жолчки
2 јајца
1 кесичка ванилин шеќер
90 г кафеав шеќер

И уште:
125 г путер
150 мл топло млеко
100 мл топла вода
1 кесичка инстант квасец
100 мл кисела павлака

И уште:
1 лажица рендана кора од лимон и портокал
50 г млечна чоколада (исечена на коцки)
50 г бело чоколадо (сецкано на коцки)
70 г сува брусница
70 г разно кандирано овошје
5 лажички „Lino lade nougat“ или нутела

ПОСТАПКА:

Измешајте ги брашното, скробот, солта и прашокот за печиво.
Убаво изматете ги жолчките, јајцата, ванилиниот шеќер и шеќерот додека да се добие густа кремаста смеса. Потоа додајте го омекнатиот путер.

Во смесата додајте ја сувата мешавина со брашно, па млекото, водата и сувиот квасец. На крајот додадете ја киселата павлака, ренданата кора од лимон и портокалот и сето убаво измешајте.

Оставете го тестото да отстои 20 минути, а потоа додајте ги чоколадото, сувото и кандираното овошје.

Калапот за „панетоне“ (божиќниот колач или калап за куглоф) добро намачкајте го со путер, па излејте ја смесата внатре и на неколку места сипете по една лажичка „нугат Lino lade“.

Оставете го тестото да отстои во калапот околу 15 минути, па ставете го во рерна загреана на 200°C и печете околу 50 минути. Изладениот колач извадете го од калапот и посипете го со шеќер во прав.

Совети: колачот можете да го испечете и во калап за куглоф, а поголема висина можете да добиете така што ќе го обложите со висока хартија за печење. / Соолинарика.сom