Напиток за слабеење кој брзо ги топи салото на стомакот и телото…Се пие една чаша, 2-3 часа пред спиење.

Според некои искуства, ако се внимава на исхраната во комбинација со умерена физичка активност, може да се намалат и до 20 килограми за кратко време…Една од главните состојки на овој напиток е лимонот.

Лимонот го поттикнува метаболичкиот процес, кој помага во согорувањето на маснотиите акумулирани во телото и последователно губење на тежината, под услов да се консумира во комбинација со здрава нискокалорична исхрана и вежбање.

Други придобивки од лимонот:

– Одржување на хормоналната рамнотежа во организмот.

– Превенција на срцеви заболувања.

– Јакнење на способноста на желудникот да ги вари маснотиите по консумирање масни оброци без да предизвика запек, надуеност и гасови.

– Лимонот го забрзува метаболизмот и служи како превенција од таложење на вишок килограми.

Втората состојка е ѓумбир. Ѓумбирот е моќен антиоксиданс кој ја подобрува функцијата на црниот дроб и е одличен за детоксикација на телото.

Третата и четвртата состојка се цимет и црн пипер во зрно. Доколку немате стапче цимет, доволно ќе ви биде една чајна лажичка мелен квалитетен (цејлонски) цимет.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 лимони сосе кора
1 парче корен од ѓумбир со големина на палец
2 стапчиња цимет (1 лажичка мелен)
1 лажичка црн пипер во зрно
1 литар вода

ПОСТАПКА:

Лимонот добро измијте го со вода и сода бикарбона, па исечете го на парчиња и отстранете ги семките (даваат горчина). Ѓумбирот излупете го и исечкјате го. Сите состојки ставете ги во тенџере и прелијте ги со вода.

Ставете на оган и штом зоврие намалете ја температурата. варете 5 минути на ниска температура, а потоа тргнете го тенџерето настрана и оставете да отстои 15 минути.

Процедете го чајот и добро истискајте ги лимоните за да излезе од нив што повеќе сок. Напитокот може да се пие топол или ладен.

Складирајте го во фрижидер и пијте по една чаша (200 мл) 2-3 часа пред спиење. Деталите од постапката можете да ги погледнете ОВДЕ.