НОВИ КРОФНИ: Вкусни, со големи меури и меки како памук…Го барав рецептот цела година! Ретко кој ја знае оваа тајна…

Ако сте правеле некогаш тесто од компири, тогаш сигурно ви е познато колку е тоа меко и вкусно. А ако го приготвите според овој рецепт, тоа излегува уште повкусно! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

350 г излупени и сварени компири
200 мл течност во која се вареле компирите
1 лажичка сол
1 лажица шеќер
1 лажица сув квасец
1 јајце
20 мл сончогледово масло
500 г брашно

ПОСТАПКА:

Компирите излупете ги и исечете ги на коцки, па прелијте ги со вода и сварете ги. Потоа процедете ги, но сочувајте една чаша од течноста во која се вареле. Испасирајте ги во пире, па додајте ја течноста и промешајте.

Во топлата (млака) смеса додајте сол, шеќер, јајце, убаво промешајте, а потоа додајте го квасецот. Постепено додајте го брашното и замесете меко тесто.

Кога тоа ќе стане комапктно, залијте го со маслото и уште малку измесете го за да се измазни.

Оставете го во намастен сад, покриено со кеса да ферментира еден час на топло место. За тоа време треба убаво да го зголеми волуменот.

Потоа нежно премесете го и поделете го на 15 приближно еднакви делови. Обликувајте топчиња и користете малку брашно за да не ви лепи.

Оставете ги да одморат 10-15-тина минути, а за тоа време загрејте масло во тава со длабочина од 1-2 см, на умерена температура. Спуштајте ги крофничките во топлото масло и со лажицата полевајте ги од страните.

Кога ќе заруменат од едната страна, превртете ги и пржете ги уште неколку минути и од другата страна. Вадете ги врз хартиена салветка и послужете ги топли или ладни, многу се вкусни и меки. Деталите од постапката можете да ги погледнете ОВДЕ.