Витаминот Д ги зајакнува коските, влијае на доброто расположение, но и на здравјето и функционалноста на целиот организам.
Покрај сонцето и исхраната, извор на витамин Д се и суплементите, а многумина се во дилема дали е подобро да се земаат наутро или навечер. Според стручните совети, витаминот Д треба да се зема со оброк бидејќи е растворлив во масти, што значи дека делува поефикасно кога се зема со храна.
Со оглед на тоа што појадокот по правило е оброк со доволно здрави масти, лекарите советуваат дека најдобро е да земате витамин Д наутро.
Ако, сепак, сакате да го пиете витаминот Д навечер, тогаш се препорачува да го земате со, да речеме, некои јаткасти плодови.
Во зимските денови кога има недостаток на сонце, особено се препорачува да се зема витамин Д, кој освен со суплементи, може да се внесува и со одредени намирници.
Храната богата со витамин Д е главно риба и полномасни млечни производи, а потоа говедскиот црн дроб, млекото од соја, јагулата и рибиното масло. За да го извлечете максимумот од витаминот Д, потребно е да го комбинирате со магнезиум и калциум.
Сепак, не треба да претерувате со овој витамин. Лекарите тврдат дека земањето премногу витамин Д во текот на подолг временски период може да предизвика акумулација на премногу калциум во телото, што може да ги ослаби коските и да ги оштети бубрезите и срцето. Прочитајте следно:
Имунолог открива колку долго смееме да внесуваме витамин Д во вид на суплемент