Како да направите 5 литри ПОСНО МЛЕКО за 60 денари? Одличен рецепт за вкусен и здрав напиток! Во време на постите сите посегнуваат по купечките растителни млека кои можат да се најдат со најразлични вкусови и ароми.

Но, на многу лесен начин можете да си направите и сами, далеку поевтино и поздраво, а сепак, многу вкусно. Ова млеко спаѓа во веганско. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г овесни снегулки
5.5 литри вода
2 супени лажици мед
10 г ванилин шеќер

ПОСТАПКА:

Овесните снегулки ставете ги во еден подлабок сад и залијте ги со 2 литри ладна вода. Промешајте и оставете вака да отстои следните 2 часа.

После два часа овесот ќе набубри и целата содржина ќе се претвори како каша. За следниот чекор ќе ви биде потребен блендер (каков имате) и некој доста поголем чист и сув сад (леѓен или слично).

Малку по малку црпете од овесната каша и мелете ја во блендерот (количина соодветна според големината на блендерот за да не ви претекува). А, мелената содржина истурајте ја во големиот сад.

Откако ќе ја сомелете целата овесна каша, во садот сипете 3 литри ладна вода. Добро промешајте и оставете да отстои уште еден час.

По изминатото време процедете ја смесата низ газа/пелена или ситна решетка. Процедете го добиеното млеко уште еднаш (за да се добие помазна структура).

Во добиеното млеко додајте две супени лажици мед и ванилин шеќер. Промешајте за да се растопат. Вкусете го, па доколку сметате дека е густо, додајте уште малку вода за да добие конзистентност каква што сакате.

Јас на ова млеко му додадов уште 500 мл вода. Оваа количина е одлична доколку подготвувате торти и колачи, но секако, можете соодветно да ја намалите, ако млекото го користите само за пиење.

Складирајте го во чисти стаклени шишиња и чувајте го во фрижидер до една недела. Пред употреба малку протресете го шишето. Видеото со подготовката (и тест-проверката за подготовка на пудинг од него) можете го погледнете ОВДЕ.