БРЗ КОЛАЧ СО ЈАПОНСКО ЈАБОЛКО: Измати, излеј и испечи…десерт за секој ден. Ако ги обожавате јапонските јаболка, тогаш ќе ви се допадне и овој колач.
Едноставно се приготвува, и иако можеби тестото ќе ви се чини чудно, сепак на крај одлично излегува. Ова овошје му дава сочност и посебен вкус… Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
4 јајца
150 г шеќер
250 г брашно
1 кесичка ванилин шеќер
1 кесичка прашок за печиво
250 г маскарпоне или друго крем сирење
4 зрели јапонски јаболка (средна големина)
шеќер во прав за посипување
ПОСТАПКА:
Во подлабок сад добро изматете ги јајцата со постепено додавање на шеќерот, се додека тој да се растопи и смесата убаво да згусне и да го зголеми волуменот.
Потоа постепено започнете да ги додавате сувите состојки, малку по малку, просеани и претхпдно помешани (брашно, прашок за печиво, ванила).
На крај додајте го маскарпонето и уште малку измиксајте за да се изедначи. Потоа додајте ги јаболката ситно исечкани, па промешајте лесно со лажица.
Смесата излејте ја во намастен и набрашнет калап 24 см и ставете да се пече 30-40 минути во загреана рерна на 180 минути или според вашата рерна. Кога ќе се олади посипете шеќер во прав и послужете. рецепт на Коки / Сооlinarika.сom