Овие солени коцки со гордост ги нарекувам ПОСНА КРАЛИЦА, бидејќи кога подготвувам посна гозба, тие изгледаат кралски на трпезата и моите гости со ентузијазам зборуваат за нивниот вкус. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

-Од голема обланда исечете 2 кори на 4 дела

ПРВА КОРА:
– 100 мл газирана вода
– 100 мл пиво
-4 лажици ајвар
– 9 лажици брашно (120 г)
-1/2 лажичка сол
-1/2 лажичка прашок за печиво… Добиената смеса поделете ја на два дела и испечете две кори врз обланда. Се пече на 200С 10 мин.

ВТОРА КОРА:
-100 мл газирана вода
– 100 мл пиво
– 100 г спанаќ
– 9 лажици брашно (120 г)
-1/2 лажичка сол
-1/2 лажичка прашок за печиво… Добиената смеса поделете ја на два дела и испечете две кори на обланди. Се пече на 200С 10 мин.

ФИЛ:
– 100 г посен маргарин
– 200 г шампињони
– 150 г краставички
-1-2 лажици сенф
– 100 г посен кашкавал
-1/2 лажичка куркума
-1/2 лажичка зачини
-1/2 лажичка пиперка
– 1/2 лажичка оригано

Одозгора премачкјате ја солената торта:
-20 г изронети посни крекери
-2-3 лажици посен мајонез

Се пропржуваат сечканите печурки со 50 г маргарин, па кога ќе испари течноста, потоа додајте уште 50 г маргарин и зачинете, изладете, па соединете ги печурките со сечканите краставички, додајте посен мајонез, сенф, посен кашкавал и куркума.

Измешајте сè и филувајте ги обландите:

Зелена кора па фил, црвена кора па фил, па 50 г солени посни крекери врз филот, па врз нив повторно фил, па зелена кора, па повторно фил и црвена кора.

Тортата премачкајте ја со мешавина од мелени крекери и мајонез, и посипете ја одозгора со изронети крекери. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.