На Лука Тил се досадувал додека траел зимскиот распуст, па решил да си изгради куќа, откако со часови поминал на YouTube гледајќи видеа за изградба на мали куќи.
Имал само 12 години кога го започнал проектот за изградба на мала куќа во својот двор.
Прво, планирал како да заработи за материјали и алати: почнал да коси дворови низ населбата за пари, да чисти туѓи гаражи и се што носи џепарлак.
На Лука му биле потребни речиси година и пол и околу 1500 долари за да изгради куќа долга околу 3 метри, широка околу 2 метри и висока околу 3 метри.
Кога го завршил својот дом, Лука со гордост погледнал во малата куќа која имаше кујна, дневна соба и спална соба.
Без разлика што во изградбата му помогнал татко му, оваа заслуга му припаѓа само на Лука, бидејќи во текот на година и пол ова момче не се откажало додека проектот целосно не завршил.
Оние кои не знаеле за трудот што Лука го вложил во својот дом од 8 квадрати, му се смееле што живее во толку мала куќа, но еден поглед на неговата работа може да ги засрами сите цинични луѓе.
Погледнете како изгледа неговата куќа ТУКА.