РОЗИ СО КРЕМ: Беа хит на мојата слава, сите побараа рецепт – ова е најдобриот и наједноставниот…
Толку е разновиден и лесен за правење што треба да користите само неколку основни состојки, а добиените кифлички се супер меки и вкусни. Всушност, може да користите и некој ваш рецепт за тесто со кое правите кифлички и крем по ваш избор.
Она што е интересно е постапката со која се приготвуваат розите. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За тесто:
360 г брашно
210 мл топла вода
1 лажичка инстант квасец
1 лажичка сол
40 г путер (или 3 лажици) омекнат на собна температура
30 г шеќер или мед (или 2 1/2 лажици или повеќе според ваш вкус)
За крем:
1 жолчка од јајце
50 г шеќер
15 г пченкарен скроб (или 2 лажици)
1 лажичка екстракт од ванила
240 мл млеко
1 прстофат сол
ПОСТАПКА:
Најпрво пригответе го филот за да има време да се олади. Во едно тенџере сипете дел од млекото, а потоа додајте ги сите наведени состојки. Откако ќе се изедначи смесата без грутчиња, додајте го остатокот од млекото.
Ставете на оган и загревајте на умерена температура со непрекинато мешање додека да згусне. На крај додајте го екстрактот од ванила, промешајте и претурете го кремот во друг сад.
Повремено промешувајте за да не фати коричка (или покријте го со проѕирна/пластична фолија) и оставете целосно да се олади до собна температура. Потоа можете да го оставите во фрижидер, мах до 3-4 дена.
За тесто: во топлата вода растворете ги шеќерот, солта и квасецот, па додајте го брашното и путерот и замесете компактно тесто. Тестото префрлете го на чиста работна површина. Месете го додека тоа да стане меко и еластично.
Ако е добро замесено, кога ќе го штипнете и повлечете на некое место, тоа не треба да се скине, туку да тенко да се развлекува.
Оние што не се вешти во месење може да користат миксер со продолжетоци за тесто, и машински да го месат 8-10 минути или додека да ја постигне еластичноста.
Поделете го тестото на 12 еднакви парчиња и од секое обликувајте топче. На набрашнета површина секое топче развлечете го со оклагија во дијаметар од 10-11 см.
Направете засеци (околу 2 см) на сите четири страни од кружното тесто, а центарот на кругот оставете го како што е и тука ставете фил-крем.
Сега земете го делот што е спротивен на него и со него покријте ја другата страна од филот. Истото повторете го и со последните два дела.
Стиснете го тестото за да се запечати. Готовата роза ставете ја на плех за печење (ако не е нелеплив, обложете го со хартија за печење и малку намастете го со путер).
Покријте ги розите и оставете ги во топла просторија да ферментираат еден час за да го удвојат својот волумен. Потоа премачкјате ги со изматено јајце во кое сте додале лажичка млеко.
Печете ги розите во загреана рерна на 350 F или 180 C, 22-24 минути. Одозгора премачкјате ги со путер додека се уште топли. Ако случајно врвот на розите пребрзо почне да заруменува, во тој случај покријте ги со парче фолија и допечете ги.
Розите со крем може да се чуваат на собна температура до два дена и да останат свежи, а за повеќе денови не знаеме, зашто никогаш не ни останале толку долго. Може и да се замрзнуваат. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.