ПОСНИ МАФИНИ СО КОКОС: Меки и многу вкусни…појадок за 5 минути!Направете здрави, посни, без шеќер, без лактоза, без јајца, овесни мафини со кокос за појадок или со попладневниот чај.
Тоа е супер лесен и брз рецепт, кој ќе ви се допадне. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ – Мојата мерна шолја е 250 мл:
1/2 шолја суво овошје (користете боровинки, можете да користите суво грозје)
1 шолја мелени овесни снегулки
1 шолја кокосови снегулки
1/3 шолја пире од банана или пире од јаболка
1 лажичка есенција од ванила
1/2 шолја кокосово млеко (или друго растително млеко)
1/2 шолја природна вода
1 лажичка прашок за печиво
Загрејте ја рерната на 180 степени
Печете помеѓу 20 и 25 минути. Состојките се доволни за 8 големи мафини.
ПОСТАПКА: Сувото овошје потопете го во топла вода и оставете го да се хидрира, 20 минути. Змете една зрела, мека банана и испасирајте ја со виљушка.
Во подлабок сад измешајте го кокосовото брашно со брашното добиено од мелени овесни снегулки. Додајте го пирето од банана, процеденото суво овошје, екстракт од ванила, кокосово млеко и вода.
Промешајте и пред крај додајте го прашокот за печиво. Во овој рецепт нема масло затоа што самиот кокос содржи природни масла кои се доволни за овие колачи да ги направи меки и ровки.
Црпете со лажица и полнете ги калапите за мафини. Ако немате силиконски, тогаш добро намастете ги и набрашнете ги за да не ви се залапат. Или пак, користете хартиени корпички.
Одозгора наросете малку кокос и печете ги во загреана рерна на 180 степени, 20-25 минути. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.