Салата полна со витамини! Лесен рецепт за свежа салата! Децата не можат да престанат да ја јадат оваа салата од цвекло, морков и зелка. Нов рецепт за свежа салата! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ

1/4 главица зелка
1 главица цвекло
1 голем морков
240 г црвен грав
1 главица кромид
свеж магдонос
сок од 1/2 лимон
50 мл маслиново масло
сол, црн пипер и прстофат шеќер

ПОСТАПКА:

Зелката исечете ја ситно или користете специјално ренде. Посолете ја и малку истискајте ја со раце за да омекне. Цвеклото излупете го, изрендајте го и зачинете со малку маслиново масло.

Морковите изрендајте ги и додајте ги во зелката, а потоа и 240 г сварен црвен грав (може од конзерва).

Кромидот исечете го на тенки полумесечинки, а магдоносот најситно што можете. Сето додајте го во салатата. Измешајте сок од половина лимон со 50 мл маслиново масло, додајте сол, црн пипер и прстофат шеќер.

Залијте ја салатата и сето добро измешајте го за рамномерно да се распореди дресингот.

Одозгора наросете мешавина од семки: ленено семе, сончоглед, тиква… Уживајте во одличниот вкус на салатата! Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.