СОК ОД ТИКВА: Енергетски напиток кој може да биде и лек…Природен, без конзерванси! Елвира направи многу вкусен сок од тиква, а многумина го споделија нејзиниот рецепт.

Чист, природен сок од лековитата тиква со минимална количина шеќер кој го штити овој сок од расипување. Кој не сака шеќер може да користи некоја друга замена.

Сокот е многу здрав и треба да се искористи сезоната на тиквити и да се приготви овој вкусен напиток. Од оваа количина ќе добиете 4 литри сок, односно по 50 г шеќер на еден литар. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 кг тиква
200 г шеќер
2-3 моркови
1 лимон сосе кора
3 јаболка по желба
1/2 лажичка лимонтус

ПОСТАПКА: Лимонот добро измијте го или оставете го да отстои кратко во вода со малку сол. Морковите и јаболката излупете ги, па исечете ги и исчистете ги од семките. Тиквата исто така исечете ја на прарчиња, исчистете ја од семки и излупете ја.

Тиквата, морковите и јаболката ставете ги во тенџере и сипете 2 литри вода, па ставете на оган да се вари на умерена температура додека да омекне, приближно половина час.

Процедете и изблендирајте за да добиете мазна кашеста смеса. Сокот од тенџерето сочувајте го за подоцна.

Посебно изблендирајте го лимонот исечен на парчиња, со отстранети семки кои даваат горчина, па не се пожелни.

Во тенџерето вратете го пирето од тиква, како и сомелениот лимон, додајте уште 1 литар вода промешајте и вратете на оган да се довари уште 15-тина минути. За тоа време лимонот ќе ја ослободи својата арома.

Потоа сокот процедете го низ сито или газа ако го сакате бистар, или пак уште еднаш изблендирајте го. Сокот уште еднаш вратете го во тенџере преку сито (двојно процедување – не мора), па додајте го шеќерот.

На 4 литри сок се става 200 г шеќер. Ставете на оган 5 минути колку да се растопи шеќерот. Штом зоврие додајте половина лажичка лимонтус за посилен вкус на лимонот.

СКЛАДИРАЊЕ: Топлиот сок веднаш складирајте го во стерилизирани топли шишиња. Најпрво сипете по малку во сите за да се згреат, па дополнете ги и добро затворете ги. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.