Чајот се пие трипати дневно… Умот се преоптоварува, што доведува до тремор, палпитации, вртоглавица, потење и отежнато дишење.
Стpавот од понижување, засрамување, yмиpање или кој било друг негативен настан што се чини надвор од ваша контрола, ја троши вашата енергија и ја намалува вашата сила.
Станувате толку несигурни што повторувате одредени дејства одново и одново, како на пример да проверите дали сте ја заклучиле вратата, дали има истекување на гас или дали сте го исклучиле светлото.
Депpесијата, негативноста и cтpавот стануваат доминантни емоции. Повеќе не можете да функционирате нормално на работа и дома.
Помислувате дека нема излез од овој маѓепсан круг. Сепак, постојат билки кои можат да ви помогнат. Најдобар хербален избор против анксиозност и cтрес е коренот на сладунец (лат. Glycyrrhiza glabra) или познат како Сладок корен.
Ова растение има голема лековита вредност, корисно е за многу заболувања. Содржи соединение поврзано со кортизолот (хормон на cтресот), кој му помага на телото полесно да се справи со анксиозноста и cтресот.
Понатаму, помага за нормализирање на функциите на надбубрежните жлезди, го cмирува умот и го поттикнува рационалното размислување.
РЕЦЕПТ – Подгответе го според упатството на билкарот, или:
1.Половина лажичка иситнет сладок корен се прелива со 200 мл зовриена вода. Садот се поклопува и после 5 минути се процедува. Се пие по шолја чај, трипати дневно после јадење, но не подолго од 4-6 седмици.
2.Исечкајте парче корен од сладунец и ставете го во сад со топла вода. Се вари половина минута и се трга од шпорет.
По дваесет минути, процедете го чајот и додајте една лажичка мед или сируп од агава. Чајот пијте го три пати на ден. Пред употреба советувајте се со вашиот лекар. Ако психолошката состојба е долготрајна, не одложувајте и посетете стручно лице.
Не се препорачува во случај на постоење на болести на црниот дроб (цироза), бубрежна инсуфициенција, како и во случај на ниски нивоа на калиум во крвта.
Хемиски состав: тритерпенски сапонини, флавоноиди, кумарини, стероли, скроб.
Дејство: активните состојки во слаткиот корен поволно делуваат врз разредувањето на густиот бронхијален секрет и го олеснува искашлувањето.
Делува противвоспалително, го олеснува празнењето на цревата, ги смирува грчевите, ублажува тегоби од чир на желудник и 12-палечно црево, делува врз функцијата на надбубрежната желзда, го подобрува памтењето и го смирува умот.
Ограничување во употребата: кај лица со кардиоваскуларни пречки каде доаѓа до задржување на натриумот и хипокалемија; кај шеќерна болест; кај терапија со хормонски препарати и оштетувања на црниот дроб – треба да се ограничи.
Не се препорачува за трудници и доилки. Слаткиот корен не треба да се консумира подолго од 4-5 месеци со повремени паузи.