60-годишна откри таен трик против стареење само со кора од банана и ориз! Тајната на јапонскиот колаген.

Најдобар третман со колаген за да изгледате помладо без брчки и други неправилности на кожата. За правење на овој третман против стареење се користи кора од банана и ориз. Препаратот може да се чува во фрижидер до 1 недела.

Придобивките од кората од банана за кожата

Нежен пилинг: „Триењето на кора од банана на вашата кожа може да понуди нежна ексфолијација, а знаеме дека нежниот пилинг може да биде корисен за кожата“, вели Кинг.

Пилингот помага со работи како што се нерамна текстура на кожата, намалување на пукнатините и отстранување на вишокот на мртва кожа, што може да открие посветлен тен.

Придобивките од ефикасниот третман за нега на кожата против стареење вклучува: задржување на цврстината на кожата, рафинирање на тонот на кожата, намалување на брчките и ја зголемува осветленоста и сјајот.

Придобивките од оризот за кожата и против стареење

Оризот е богат со амино киселини, антиоксиданси и минерали кои можат да го намалат или забават процесот на стареење на кожата. Исто така, може да ја инхибира активноста на еластазата, ензим одговорен за стареењето на кожата.

Така, оризовата вода може да помогне да се одржи еластичноста на кожата и да се намали појавата на знаци на стареење на кожата.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 супени лажици ориз
1 лушпа од банана
200 мл вода
2 супени лажици бадемово масло

ПОСТАПКА:

оризот и бананата измијте ги, а потоа лушпата од бананата исечкајте ја на помали парчиња. Сипете вода и ставете да се загрева на умерена температура. Гответе додека оризот и лушпата да омекнат.

Оставете целосно да се олади, а за тоа време оризот ќе ја впие вишокот вода. Потоа целата содржина ставете ја во блендер. По желба додајте малку ружина водичка (1-2 лажица, но не мора).

Добро изблендирајте, а потоа смесата процедете ја низ сито или газа. Во смесата додајте 2 супени лажици бадемово масло и промешајте. Ова масло дополнително помага да се намали подуеноста на лицето, особено на подочниците.

Смесата складирајте ја во соодветен сад и чувајте во фрижидер до 1 недела.

УПОТРЕБА: На чиста и сува кожа нанесете го кремот и со лесна масажа втријте го додека да се впие целосно. Оставете да делува преку цела ноќ. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.