Вкусна салата од едноставни производи, хит за празниците, особено за Нова Година и Божиќ. Малкумина го знаат овој рецепт за салата! Германците ја служат оваа салата на Бадник.

Многу популарна салата со кисел кромид и највкусната празнична салата со пилешко и компири. Никогаш не се изморувам да ја јадам оваа германска салата од компири. Може да ја замени и вашата вечера, па дури и ручек. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

компири 3-4 сварени, рендани
кисел кромид 1 главица, сечкана и маринирана
пилешки гради 1 парче големо, сварено, ситно сечкано
јајца 6 сварени, рендани посебно белки и жолчки
кисели краставички – 2-3 парчиња средна големина, ситно сечкани
кашкавал рендан 170-200 г
француски сенф 2 лажички (може и обичен)
мајонез приближно 200 г
црн сусам за декорација

за кисел кромид:

кромид 1 главица
оцет 3-4 лажици
шеќер 1-2 лажици
сол 0,5 лажиче
врела вода 150 мл

ПОСТАПКА:

Кромидот ситно исечкајте го, ставете го во еден сад и додајте 1-2 лажици шеќер, малку сол, 3-4 лажици оцет по ваш избор и една чаша топла вода. промешајте за да се раствори шеќерот и оставете настрана да се маринира, половина час.

Свареното пилешко месо ситно исечкјате го и помешајте го со 1-2 лажици мајонез за да биде посочно и покремасто.

РЕДЕЊЕ врз плитка чинија:

1.Рендан компир добро израмнет и измазне слој со дебелина од приближно 1.5-2 см.

2.Тенок слој мајонез
3.Две лажички сенф

4.Ситно сечкано пилешко месо помешано со мајонез. Малку притиснете со лажицата за да се израмни.
5.Мариниран, процеден кисел кромид.
6.Тенок слој мајонез.

7.Ситно сечкани кисели краставички.

8.Тенок слој мајонез.
9.Рендани жолчки.

10.Тенок слој мајонез.
11.Рендан кашкавал. Убаво притиснете.
12.Тенок слој мајонез.

13.Рендани белки од јајца.
14.Декорација со црн сусам

Пред послужување салатата добро изладете ја најмалку еден час во фрижидер. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.