Холестеролот како никогаш да не бил покачен: Природен лек за прочистување на крвните садови

Од каналот „Лековити билки“ објавија рецепт за природен лек кој ги чисти крвните садови и го намалува холестеролот.

Затнатите крвни садови на чиишто ѕидови се налепиле масни капки – плаки, можат да бидат многу опасни, бидејќи го зголемуваат ризикот од срцев и мозочен удар.

Затоа треба редовно да се контролираат холестеролот и триглицеридите во крвта во консултација со лекарот. Мора да ги одржуваме артериите чисти и проодни.

Правилната исхрана ќе нè спаси од многу болести, бидејќи здравата храна не остава талог во артериите. Но, не се сите толку дисциплинирани кога е во прашање исхраната.

Затоа е важен овој рецепт за редовно чистење на крвните садови, со целосно природни состојки.

Ќе користиме неколку плодови кои се на самиот врв на списокот на корисни намирници за чистење на крвните садови и намалување на холестеролот.

Едноставно ќе ги измешаме за да дејствуваат заедно. Лукот прво ќе го разделиме за да добиеме чешниња. Потоа ќе ги потопиме во вода неколку минути. Кога лушпата е натопена во вода, многу полесно се отстранува.

Активната состојка на лукот, алицин, може да ги релаксира ѕидовите на крвните садови и да го зголеми протокот на крв.

Лимонот ќе го натопиме во вода за да се измие што подобро кората, бидејќи лимонот ќе го користиме сосе кората. Во кората од лимонот се кријат многу важни состојки. Содржи значителни антиоксиданси.

Додајте малку сода бикарбона, за подобро да ја исчистите кората од можното присуство на пестициди. За овој рецепт обично купувам органски, непрскани лимони.

Лимонот ќе го намали силниот мирис на лукот и ќе придонесе за подобрување на вкусот на лекот. Исечете го лимонот и отстранете ги семките.

Третата важна состојка е ѓумбирот. Излупете парче корен од ѓумбир и исечете го на парчиња. Најважната состојка на ѓумбирот е гингеролот. Има ефект врз метаболизмот на мастите, способен е да ги прошири крвните садови и да ја исчисти крвта.

Ѓумбирот ќе го покаже својот уникатен лутогорчлив вкус, но во тоа лежи моќта на неговото делотворно дејство.

Сите состојки ќе ги ставиме во блендер за да се сомелат и соединат. Вака подготвената смеса измешајте ја со мед.

Медот е важен бидејќи ја зачувува вредноста на состојките со кои се меша, па дури и го подобрува нивното дејство. Покрај тоа, медот помага овој препарат да биде вкусен.

Со овој препарат полниме соодветни тегли. Ги чуваме во фрижидер.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

8 чешниња лук,
2 лимони со кора,
корен од ѓумбир 4 см,
250 г мед.

Дозирање: по една лажица од оваа смеса секое утро на празен стомак. Потоа може да се напиете вода. Втората доза се зема 4 часа пред спиење или половина час пред вечера. Се зема 4 недели во континуитет, потоа се прави пауза 2 недели и потоа може да се продолжи.

Дали некогаш сте ја користеле оваа мешавина и какви биле вашите искуства?

Овие природни состојки ги чистат крвните садови, но и целиот организам. Метаболизмот е забрзан, младоста е продолжена, а маснотиите во крвта се нормализираат. Може да биде корисен и за нормализирање на тежината.

Го подобрува протокот на крв и е силен имуностимулант. Затоа, не е чудно што многу луѓе ја користат оваа формула за зајакнување на имунитетот. Сите масти кои се извлекуваат од телото под влијание на овие состојки се претвораат во енергија.

Ако ја насочиме нашата енергија во физичка активност, тоа дополнително ќе помогне да се ослободите од маснотиите и да изгубите вишок килограми.

Овој препарат може да помогне да се намали калцификацијата во телото, што предизвикува формирање на камења во органите.

Со комбинирање на лимон, лук, ѓумбир и мед, според овој рецепт и со правилна доза, можете значително да го подобрите вашето здравје.

Бидејќи сите состојки се природни, ризикот од несакани ефекти е минимален. Сепак, овие состојки влијаат на разредувањето на крвта, што може да биде лошо за луѓето со проблеми со згрутчувањето на крвта, тоест, веќе пијат лекови за таа намена.

Овој препарат можеби не е добар избор за луѓе со стомачни проблеми. Медот исто така, според мислењето налекарите не е соодветна состојка за дијабетичари. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.