Ова е најбогатиот и најлесниот десерт кој можете за 1, максимум 5 минути. Се приготвува од само 3 состојки и не содржи брашно. Потребни ви се само јајца, млеко и шеќер.
За основа во калапот во кој се пече се става тенок слој карамел кој може да биде купечки или карамелизиран, домашен шеќер. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 6 големи јајца, 150 г шеќер, 1 литар млеко, 2 лажички есенција од ванила за вкус, малку карамел, калап со средна големина
ПОСТАПКА: Во подлабок сад пенасто изматете ги јајцата со миксер, 30 секунди. Додајте го шеќерот, млекото и ванилата, па промешајте за да се растопи шеќерот.
На дното од калапот во кој ќе се пече колачот сипете карамел. Течната мешавина од јајца и млеко сипете ја преку цедалка за да нема грутчиња од белките во јајцата.
Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 170 степени, 40-50 минути. Оставете да се олади, па послужете. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.