Кога немате многу време, а сакате да приготвите нешто вкусно за појадок, сетете се на овој рецепт. Тестото се замесува за 5 минути, а потоа само развлечете, сечете и испржите. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 80 г ситно сирење (фета или крем сирење), 80 г рендан кашкавал, 2 јајца, 3 млади кромитчиња, 1/2 китка свеж магдонос, 90 мл млеко, малку сол по вкус, 360 г брашно, 1 кесичка прашок за печиво (10 г)
ПОСТАПКА: Младите кромитчиња и магдоносот убаво измијте ги и исцедете ги од водата, па ситно исечкјате ги.
Во подлабок сад испасирајте го сирењето да стане кремасто, па додајте ги сите останати состојки.
На крај додајте го просеаното брашно помешано со прашок за печиво. Замесете меко нелепливо тесто. Кога ќе стане компактно, истресете го на набрашнета работна површина.
Поделете го на два дела, а од секој дел обликувајте топка. По потреба посипете уште малку брашно за да не ви лепи и развлечете тркалезна кора со дебелина од 6-8 мм.
Исечете триаголници. Во тава загрејте масло со длабочина од 1-2 см, на умерена температура, па спиштете ги триаголниците и пржете ги неколку минути додека да заруменат.
Потоа свртете ги од другата страна и пржете ги уште малку, додека да заруменат и од таа страна. Вадете ги врз хартиена салветка за да се впие вишокот маснотија. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.