ГРИЗ ПИТА: Измати, исечкај што имаш во фрижидер, излеј и испечи…Многу вкусна! Во тефтерот ја имам запишано како „летна пита“, а во тестото освен сирење се додава патлиџан и тиквички.
Но, може да се замени со зеленчук и намирници по желба, секако излегува вкусна. Рецептот и фотографијата се на Кристина Гашпар. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 мал црн патлиџан, околу 300 г
1 мала тиквичка, околу 200 г
1 голема пиперка, околу 150 г
1 домат, околу 100 г
1 чаша пченичен гриз
1/2 чаша брашно
1/3 чаша масло
4 јајца
1/2 лажичка сол, црн пипер и оригано
1 лажичка прашок за печиво
250 г фета сирење.
*чашата е од 250 мл
ПОСТАПКА: Излупете ги модрите патлиџани и тиквичките, па изрендајте ги крупно. Добро исцедете ги откако малку ќе отстојат сосем малку посолени.
Доматот и пиперката исечкајте ги на помали коцкички. Пенасто изматете ги јајцата, па кога ќе добиете кремаста структура, во тенок млаз додајте го маслото додека непрекинато матите.
Потоа додајте го брашното промешано со прашок за печиво, а на крај гризот. мешајте додека да добиете мазно тесто без грутчиња. Додајте фета сирење исечкано на помали коцки, исцедениот и ситно исечкан зеленчук, па зачинете по желба.
Добиената смеса излејте ја во средно голем плех (јас користев плех 25*35) обложен со хартија за печење и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 220 степени околу 25 минути. Ако одлучите да користите помал плех, печете подолго.