ЕВТИН ДЕСЕРТ ГОТОВ ЗА 15 МИНУТИ. Брзо, лесно, неодоливо. Ако имате дома вода, брашно и шеќер, не пропуштајте го овој лесен рецепт за крофнички. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 160 мл млака вода, 5 г (лажица) сув квасец, 2 лажици шеќер, 8 г ванилин шеќер, рендана кора од портокал, 2 лажици растително масло, 300 г брашно, 1/2 лажичка сол, 1 лажичка путер (маргарин за посна верзија)
ПОСТАПКА: Во подлабок сад измешајте ги течните состојки, шеќерот, солта, ренданата кора од портокал и растворете го квасецот, па со постепено додавање на брашното замесете компктно тесто, средно меко и нелепливо.
Додајте му малку путер и домесете го за уште повеќе да се измазни. Уште малку доработете го на работна површина за да стане еластично, па обликувајте топка и оставете го во садот покриено да ферментира еден час.
Откако тестото ќе стаса и ќе го удвои волуменот, поделете го на 10 делови (секој по 51 грам) и обликувајте топчиња. Покријте ги и оставете ги да одморат 20 минути.
Потоа секое топче со помош на дланките развлечете го во тенко валјаче како јаже, па обликувајте по желба или како машнички. Со прстот притиснете на местото каде што се преклопуваат двата краја, за да се спојат.
Приготвените „машнички“ или „риби“ наредете ги врз хартија за печење (за полесно да ги спуштате во маслото), а потоа за секоја крофничка исечете го парчето хартија врз кое лежи. Покријте ги и оставете ги да одморат 20 минути.
На умерена температура загрејте масло длабоко 1-2 см и спуштајте ги крофничките сосе хартијата. Штом се натопат, лесно извлечете ја хартијата со маша-штипалка од под нив.
Пржете ги по неколку минути од двете страни додека да заруменат, а потоа вадете ги и валајте ги во ситен шеќер. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.