Постојат различни рецепти и начини за подготовка на зимници, но ние ја издвојуваме оваа вкусна „сомборка во тегла“ која одлично се гарнира со сите јадења.
Направете ја оваа кисела и вкусна зимница според рецептот на Бојана З., бидејќи сигурно ќе ви се допадне.
Начинот на подготовка и самиот рецепт се лесни, па дури и да сте почетник, лесно ќе ги совладате овие чекори и ќе имате со што да се пофалите како вистинска домаќинка со вашите пиперки во тегла. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 кг пиперки сомборки, 200 мл бел оцет 9%, 200 мл масло, 200 г шеќер, 200 г сол, лук, магдонос и црн пипер во зрна по вкус, половина кесичка конзерванс, половина кесичка винобран
ПОСТАПКА: Во тенџере ставете ги сите состојки, измешајте и оставете ги да се растворат шеќерот и солта. Додека чекате исчистете ги пиперките, измијте ги и ставете ги на кујнска крпа.
Секоја пиперка поминете ја низ течноста и ставете ги во поголем сад или тенџере (јас ги ставив во два сада зашто немам еден поголем). Остатокот од течноста прелијте ја преку пиперките, поклопете и оставете 24 часа.
Мешајте од време на време. Можеби ќе ви се чини дека е малку течност, но за 24 часа ќе се отпушти и доволно сок од самите пиперки.
Магдоносот и лукот исечкајте ги. Пиперките редете ги во два реда во тегла, па додајте магдоносот, лук и зрната црн пипер и така додека да ја наполните теглата. Пиперките притиснете ги малку посилно.
Во секоја тегла додајте течност по потреба, ставете пластична мрежичка и цврсто затворете.
Пиперките можете да ги ставите цели или да ги преполовите. Ако користите лути сомборки, мој совет би бил да носите ракавици за еднократна употреба.