Што значи зборот „папучар“? Како е дојдено до овој израз? Откријте кој е „папучар“ од машка гледна точка и прочитајте кој не е „папучар“ од женска гледна точка.

Како настанал изразот „папучар“?

Од најстари времиња се правеле некои „магиски ритуали“, со цел да се осигура дека младоженецот или невестата ќе имаат превласт во бракот.

Најпопуларниот обичај е да се згази стапалото на брачниот партнер за време на свадбата.

Кој прв ќе ја искористи приликата и ќе го стори тоа, ќе го задржи другиот „под чизма“ до крајот на својот брачен живот.

Од женска гледна точка, секако дека мажот може да биде папучар, но тоа не мора да значи ако е:

1. Добар и верен човек, кој знае да се јави на телефон секогаш и во секое време да одговори на повикот.
2. Оној кој нема проблем да признае дека е заљубен и зафатен.
3. Човек кој не се срами да купи цвеќе или на пр. тампони.
4. Оној што би станал среде ноќ за девојка, ако нешто и затреба.
5. Оној што го разбира зборот компромис.
6. Оној што ја отвора вратата, го држи капутот и го повлекува столчето за таа да седне.
7. Оној кој знае да го каже магичниот збор „прости“ кога ќе погреши.
8. Оној кој еволуирал од времето кога се сметало дека на жената и е место во кујната и овој простор го користи подеднакво и не се плаши од машината за перење.
9. Оној кој не ги решава споровите со навреди или со сила.
10. Оној кој сè уште се грижи за своите пријатели, но и сака да остане дома со својата девојка. И уште повеќе… Сите спротивно наведени, го прават човекот папучар.

Хумористични толкувања на изразот папучар:

Папучар е човек кој има своја глава, но сите одлуки ги носи со главата на својата партнерка – девојка или сопруга.

О: Пријателу, ќе пиеш ли пиво вечерва со нас?
Б: Во ред, само да ја прашам жена ми дали и се доаѓа!

Мало дете чија мајка го тера да ги мие садовите, да ја брише прашината, да исчисти со правосмукалка, да ги спружи алиштата… И најтврдокорните алфа мажјаци на денешницата биле мали „папучари“.

Некои, фала богу, се откажуваат од „папучарството“ на возраст од 13-14 години, а некои еволуираат во возрасни „папучари“ кои чекаат на ред да ги грабне некоја идна доминантна женка.

МАШКИ И ЖЕНСКИ „ПАПУЧАРИ“:

Човек кој поради својата девојка/момче се крие од целото друштво. Сè за љубов!

Рани симптоми: заборавање на туѓите родендени, доцнење под изговор дека останува со својата љубов, не одговарање на пораки…

Напредна состојба (загрижувачка): успешно избегнување на секое гледање натпревар со другарите/шопинг со пријателките, излегување во град и други настани што сте ги правеле редовно со луѓе кои порано биле ваши пријатели

Тоа е единствениот лик од друштвото кој има девојка/дечко.

Некој кој беше кул лик додека не ја најде жената на својот живот.

Што не е во ред ако и помогнам на жената да ги измие садовите? Таа исто така ми помага да ги испеглам алиштата!

Личност која чувствува дека ја исполнила целта на своето постоење со тоа што ќе најде доминантна жена подготвена да спие со него и во исто време да му биде мајка.

– Мицо, може ли да се видам со мојот пријател?
– Ајде, но до десет да се прибере дома и да ми кажете каде ќе бидете.

Личност која ја носи девојката на ергенска забава!

Одеднаш се разболуваат кога ќе им се јават пријателите за да излезат.

Стануваат од масата на полноќ и водат долги телефонски разговори.

Дечко кој се обидува да им се наметне на девојките на таков начин што ќе прави што и да му кажат.

Лик кој ја става својата девојка/момче пред својот другар/другарка, а потоа ја става и пред себеси.