КИФЛИЧКИ СО ОРЕВИ: 1 состојка го омекнува тестото – прави домаќински… Научете како да направите кифлички со вкусен фил од ореви. Без разлика дали се слатки или солени, кифличките се јадат веднаш штом ќе се донесат на трпезата.
Секако, домашните се поубави од оние од продавница, а ви предлагаме да направите меки кифлички полнети со ореви. Тестото се прави со павлака која го омекнува, а се филува со изматени белки помешани со мелени ореви.
Најдобра комбинација на вкусови, а тие се одлично решение кога само сакате да се почестите со нешто слатко. Уживајте! Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 280 г брашно, 1/2 лажичка прашок за печиво, 1 прстофат сол, 1/4 лажичка ванилин шеќер, 80 г путер, 200 г кисела павлака, 1 жолчка од јајце. За фил: 1 белка од јајце, 40 г шеќер, 1 лажичка ванилин шеќер, 100 г мелени ореви и шеќер во прав за валање на кифличките
ПОСТАПКА: Во сад измешајте брашно, прашок за печиво, сол и ванилин шеќер, а потоа додајте путер на собна температура и добро измешајте ги состојките. Потоа додајте ги киселата павлака и жолчката и замесете мазно тесто.
Ставете го во кеса и оставете го да се стегне во фрижидер 10-15 минути. Изматете ги белките, шеќерот и ванилиниот шеќер додека да добиете цврст снег, а потоа додајте ги мелените ореви и мешајте рачно и бавно. Добро соединете.
Тестото поделете го на 4 еднакви делови, па секој дел развлечете го во тенка кора со кружен облик, исечете триаголници, па филувајте и ги и виткајте ги кифличките како сармички.
Наредете ги во плех обложен со хартија за печење и ставете ги во загреана рерна на 180°C. Печете ги приближно 15-20 минути, колку сосем малку да заруменат (треба да останат светли). Валајте ги во шеќер во прав.
Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. Следно прочитајте: „Благи кифлички со ореви и џем, ровки, се топат во уста“ – ОВДЕ.