ТРАДИЦИОНАЛНА ПЧЕНКАРНА ПОГАЧА: Многу убаво мириса и полесна е за стомакот, не го дуе. Лесно се прави од неколку состојки и не треба се чека да стасува, а додека се пече целата куќа мириса неодоливо. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 чаши (од 180 мл) јогурт (или 1 чаша млеко и 1 чаша кисело млеко/павлака), 1 мала лажичка сол, 4 супени лажици масло, 1 кесичка прашок за печиво, 1 лажичка сода бикарбона, 2 чаши бело брашно, 2.5 чаши пченкарно (жолто) брашно.
ПОСТАПКА: Во подлабок сад сипете ги сите влажни состојки и промешајте, па на крај додајте по две чаши бело и жолто брашно. Мешајте со лажица додека да се впие течноста, а потоа малку по малку додавајте од жолтото пченкарно брашно, по потреба.
Треба да добиете меко, но комапктно тесто. Истресете го на набрашнета површина со жолто брашно и рачно добро изработете го 5-10 минути. Месете додека престане да се лепи за рака и се измазни. Обликувајте го тестото во топка.
Ставете го тепсија (26 см) обложена со хартија за печење и со дланките полека сплеснете го до краевите, односно според големината на тепсијата во која ќе се пече. Одозгора премачкјате го со малку масло.
По желба, одозгора можете да ја наросите со сусам, ленено семе, семки од тиква и сончоглед и слично а можете да ја оставите и како што е. Исечете ја на триаголници и ставете да се пече во добро загреана рерна на 180 степени, 25-30 минути.
Оваа погача е толку мирисна и вкусна, можете да ја јадете така или наместо леб. Многу е полесна за јадење од обичниот бел леб и не го дуе стомакот. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.
За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „ЗЛАТЕН ЛЕБ СО ПАЛЕНТА: Толку е мек и вкусен, а се прави едноставно, во едно мешање со лажицата“ – ОВДЕ.
ЗЛАТЕН ЛЕБ СО ПАЛЕНТА: Толку е мек и вкусен, а се прави едноставно, во едно мешање со лажицата