Евтино јадење со компири, повкусно од месо…Како ли не го знаев овој рецепт порано? Многу едноставно, а превкусно! Не е потебно да потрошите куп пари на скапи намирници за да приготвите вкусно јадење со кое ќе ги изненадите гостите. Испробајте го овој рецепт, еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 главица кромид, 3 јајца, 4 компири со средна големина, сол, црн пипер, 4 супени лажици брашно. За фил: 6 помали домати, копар/магдонос, 150 г моцарела/кашкавал, маслиново масло
ПОСТАПКА: Кромидот изрендајте го и изматете го со три јајца. Додајте рендани компири и зачинете со сол и црн пипер. Добро промешајте па додајте четири лажици брашно. Добро изматете за да се изедначи смесата.
На загреана тава премачкана со малку масло сипете од приготвената смеса и распоредете како палачинка. Печете ја по 2-3 минути од двете страни на умерена температура, колку да зарумени. Вадете ги палачинките на посебна чинија.
Треба да добиете 5 палачинки со средна големина. Во меѓувреме пригответе го филот: Изрендајте ги доматите, додајте ситно сечкан копар или магдонос и помешајте со 150 г рендана кашкавал. Филот може да биде по ваш избор.
Поделете го филот на четири дела, па во огноотпорен сад редете: палачинка, фил, палачинка, фил, по истиот редослед додека да завршите со палачинка. Врз последната палачинка наросете рендан кашкавал.
Ставете да се пече 15 минути во претходно загреана рерна на 200 степени. Послужете топло. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.
Следно прочитајте: „ПАЛАЧИНКИ СО СПАНАЌ: Многу се вкусни и заситни, мене ми помогнаа да ослабам“ – ОВДЕ.
ПАЛАЧИНКИ СО СПАНАЌ: Многу се вкусни и заситни, мене ми помогнаа да ослабам