Леб-колач без брашно, шеќер и масти…Евтин, здрав и може да се чува во фрижидер 4 дена! Не пропуштајте го овој рецепт за леб кој можете да го јадете и како колач, а кој е многу здрав и вкусен.
За негова подготовка потребни ви се две банани, а колку се тие позрели, толку колачот ќе биде посладок. Ако го сакате со неутрален вкус, тогаш користете зелени или не толку узреани банани.
Може да се пече во тава на рингла, а можете да го печете и во рерна, по ваш избор. Исто така, ако го сакате овој леб како колач, во тестото можете да додадете и суво овошје. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 250 мл): 1.5 чаша овесни снегулки, 2/3 чаша кокосови снегулки, 2 банани (200 г), 1 поцврста банана за декорација, 150 мл вода, 1.5 лажичка прашок за печиво (1 кесичка), 1 големо јајце
ПОСТАПКА: Овесните снегулки сомелете ги во блендер 30-тина секунди, а истото направете го и со кокосот. Не мора целосно да се претвори во ситен прав, може да останат и целосни или половични снегулки.
Помешајте ги во подлабок сад и додајте го прашокот за печиво. Бананите испасирајте ги да станат кремасти и додајте едно големо јајце. Рачно изматете, па започнете наизменично да додавате од сувата мешавина и по малку вода за разредување.
Мешајте додека сите состојки да се соединат. Ова тесто не е како обичното тесто за леб, туку е густо и полутечно, со аморфна конзистенција. Можете да го печете во длабока тепсија (18 см) или во тава на рингла (18х7 см)
Калапот намастете го со путер или масло, а на дното наросете малку кафеав шеќер (по желба). На дното наредете сечкана банана на тркалца, сечкани ореви или други јатки, а може и суво овошје (брусница, сечкани урми, суво грозје…).
За солена варијанта на дното можете да ставите сечкан кромид, пиперки, сечкани маслинки…Сипете го тестото одозгора, рамномерно распоредете и израмнете. Поклопете со капак и печете на рингла на најниска температура приближно 35 минути, под капак.
Потоа исклучете го огнот и оставете го колачот без да го тргате капакот уште 15 минути.Ако го печете во рерна ќе ви бидат потребни 30-тина минути на температура од 180 степени. Превртете го врз чинија и оставете целосно да се олади.
Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Mајка ми го јаде овој ДОМАШЕН ЛЕБ кој се прави во тенџере без вода: Цел живот е вита и слаба како манекенка“ – ОВДЕ.