Торта за 5 минути! Одлична комбинација од чоколадо и бисквити – Ќе ја правите секој ден. Се приготвува многу лесно, од само неколку состојки кои веројатно ги имате в кујна. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г бисквити со какао, 100 г ореви, 100 г бело чоколадо. За фил: 500 мл млеко, 5 лажици шеќер, 100 г пудинг од ванила, 50 г какао во прав, 100 г чоколадо, 125 г маргарин. За глазура: 100 г чоколадо, 1 лажица масло, 1 лажица млеко, 50 г ореви за декорација
ПОСТАПКА: Во подлабок сад искршете ги бисквитите со рака, па додајте ситно сечкани ореви и сечкано бело чоколадо. Промешајте и тргнете настрана.
Во тенџере сипете го млекото, додајте го шеќерот, пудингот и какаото, па промешајте за да нема грутчиња. Ставете на оган и загревајте на умерена темнпература со непрекинато мешање додека да згусне.
Сварениот пудинг тргнете го настрана и додека е врел додајте путер и чоколадо искршено на коцки, па мешајте додека да се растопи и соедини со пудингот.
Добиениот фил сипете го во мешавината од бисквити, ореви и чоколадо. Мешајте додека рамномерно да се распоредат сите состојки. Подгответе калап со флексибилен обрач 32 см и обложете го со проѕирна фолија (не мора).
Дел по дел сипувајте ја смесата во калапот и добро натапкувајте ја во слоеви со помош на лажица или шпатула. Внимавајте да нема празнини за кога ќе се сечат парчињата да бидат целосни.
Сите состојки за глазура растопете ги во микробранова печка или на пареа, па залијте ја тортата одозгора и израмнете. декорирајте со сечкани ореви, па оставете ја тортата да се олади во фрижадер пред послужување.
Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Едноставна и многу брза торта од чоколаден пудинг и бисквити – во пудингот се боцкаат кексите“ – ОВДЕ.
Едноставна и многу брза торта од чоколаден пудинг и бисквити – во пудингот се боцкаат кексите