Идеја за ручек – Печени полнети пиперки. Незаборавен вкус! Овој рецепт злато вреди, нема да се покаете ако го испробате. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 14 до 15 мали пиперки/бабури, 300 грама кромид, 3 до 4 лажици растително масло, 80 грама моркови, 15 грама лук, 20 грама магдонос, 80 до 100 грама панцета (мрсен, бел дел)/димена сланина, 800 грама мелено говедско месо, сол и црн пипер, 2 лажици сладок црвен пипер во прав
И уште: 100 грама ориз, 200 грама домати, 100 грама панцета/димена сланина, 500 грама компири, 120 грама пасирани домати/сос и приближно 300 милилитри булјон (или коцка за супа растворена во вода)
ПОСТАПКА: Пиперките измијте ги и исчистете ги од семето од дршката за да можат да се полнат. Кромидот ситно исечкјате го и испржете го на 3-4 лажици масло, 5-6 минути на умерена температура.
Додајте рендан или ситно сечкан морков, 80-100 г ситно сечкана сланина, па динстајте уште 2 минути. Додајте го меленото месо и пржете со повремено промешување уште 7-8 минути.
Зачинете со сол и мелен црн и црвен пипер, па додајте претходно испран ориз. Додајте ситно сечкано лукче и магдонос. Убаво изедначете, па наполнете ги пиперките.
На дното од огноотпорен сад или тава (во која ќе се печат пиперките) сипете рендани домати или готов доматен сос со тенки парчиња сечкана сланина, наредете 500 г помали компири исчистени и излупени, па наредете ги полнетите пиперки.
Врз пиперките сипете доматен сос и залијте 300 мл супа. Поклопете со капак (или двојна хартија за печење и алу-фолија одозгора), па ставете да се пече 45 минути во загреана рерна на 200 степени.
После тоа тргнете го капакот/фолијата и вратете да се допече уште 25-30 минути на 225 степени колку да зарумени одозгора и да испари вишокот течност. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.
Следно прочитајте: „ПОЛНЕТИ ПИПЕРКИ-ПУТЕРКИ: Овој ручек навечер го сонувам, толку многу е вкусен! Рецепт за пиперки кој мора да го пробате“ – ОВДЕ.