Ако го сакате ајварот, ќе ви се допадне и овој со вкус збогатен со тиквички. Тиквичките се омилен летен зеленчук кој може да се подготви на милион начини, а поради својот неутрален вкус одлично оди со речиси сите намирници.
Но, што ако го сакаме вкусот на тиквички и во текот на зимата, но не е во сезона и тие се прескапи во продавницата?
Бидејќи подготовките за зимската сезона сега се во тек, ви предлагаме да го вклучите и ајварот од тиквички, кој ќе ве воодушеви при првиот залак, а ќе можете да ги јадете во текот на целата зима. Може да се користи како прелив за тестенини, намаз…
Ќе ви претставиме неколку рецепти, а вие одберете кој најмногу ви се допаѓа. Еве што ви не потребно:
РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 кг тиквички, 1 кг домати, 200 г пиперки, 200 г моркови, 100 г лук, 150 г доматна паста/сос, 120 мл масло, 100 г шеќер, 2 лажици сол, 80 мл оцет 9% и 2 лути пиперки
РЕЦЕПТ 2 (на Лилјана) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 кг тиквички, 2 кг домати, 2 кг црвени пиперки, 10 супени лажици вински оцет, 100 г шеќер, 100 мл масло, 1 китка свеж магдонос, 1 китка свеж копар, сол, 1 главица лук
РЕЦЕПТ 3 (на ЏенаАна) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг тиквички, 1 кг пиперки, 1 литар вода, 50 мл оцет, сол, црн пипер, 300 мл масло, лук по желба
ПОСТАПКА за рецепт 1: исечете ги тиквичките, доматите, пиперките и морковите и убаво изблендирајте ги заедно во еднолична смеса. Потоа добиената смеса истурете ја во тенџере и варете ја откако ќе зоврие уште 25 минути со повремено мешање.
Потоа додајте шеќер, сол, доматна паста и изблендирана лута пиперка. Истурете го маслото и пржете уште 10 минути со повремено мешање. Потоа додајте мелен лук, па оцет, промешајте и динстајте уште 5 минути.
Ајварот складирајте го во стерилизирани тегли, затворете ги добро и превртете ги наопаку за да се вакумираат, а потоа покријте ги со ќебе или крпа додека да се оладат. Следниот ден пренесете ги во фрижидер или во темна и ладна просторија.
ПОСТАПКА за рецепт 2: доматите излупете ги (засечете ги на задниот дел „+“ и кратко потопете ги во врела и веднаш потоа во ледена вода), исечкајте ги ситно и ставете ги во широко тенџере на оган да се варат.
Тиквичките изрендајте ги на крупно ренде, па малку посолете ги и оставете ги да отстојат за да ја пуштат водата. Црвените пиперки испечете ги, излупете ги и исечкајте ги на ситни коцкички.
Во доматот кој го ставивте да се вари ставете оцет и шеќер, па варете додека да испари малку вода и да се намали течноста. Тиквичките истискајте ги од вишокот вода и додајте ги доматниот сос, па продолжете со готвење додека непрекинато мешате.
Кога смесата малку ќе се свари, додајте ги пиперките и со постојано мешање пржете уште 45 минути. Пред крајот додајте загреано масло и продолжете уште малку со пржење. Додајте ситно сечкан магдонос и копар, како и ситно сечкан лук, па посолете по вкус.
Кога е готово тргнете од оган и полнете ги теглите. Добро затворајте ги. Теглите ставете ги во тенџере на чие дно сте ставиле крпа, налијте вода до капаците и варете ги 10 минути. Извадете ги и оставете ги постепено да се оладат под ќебе. Чувајте ги на ладно и темно место.
ПОСТАПКА за рецепт 3: Тиквичките и пиперките исчистете ги и исечете ги на коцки. Во големо тенџере ставете да зовие водата со оцетот. Додајте ги тиквичките и пиперките. варете 15 минути.
Исцедете, па сомелете во блендер. Вратете во тенџере, додајте масло, ситно сечкано лукче, сол, црн пипер. Пржете половина час. теглите загријте ги на 150 степени во рерна. Врелиот ајвар сипете го во врели тегли.
Добро затворете, свртете ги на капак 5 минути, а потоа свиткајте ги во ќебе и оставете постепено да се оладат. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.
Следно прочитајте: „БРЗ АЈВАР: Без печење, без лупење, без пржење – сите што го пробаа беа воодушевени“ – ОВДЕ.
БРЗ АЈВАР: Без печење, без лупење, без пржење – сите што го пробаа беа воодушевени