Колку пати ви се има случено да ви прсне масло на облеката додека подготвувате оброк, или можеби моторно масло – на „посилната половина“? Дури и ако ги ставите овие алишта во машината за перење, масните дамки сè уште се гледаат.
Со помош на овој трик за мала сума пари можете да ги исчистите сите масни наслаги во рок од еден час. А сè што ви треба е сода бикарбона, четка за заби и малку детергент за перење.
Прво што треба да направите е да ја „соберете“ со тапкање преостанатата маснотија со тоалетна хартија или книжно марамче, а потоа на критичното место да посипете малку сода бикарбона, која е универзална алатка за отстранување на сите можни нечистотии.
Потоа оставете го така да отстои еден час. Следниот чекор е да измешате вода и детергент за перење во мал сад и добро да се измешате. Користете стара четка за заби и натопете ја во оваа смеса, а потоа втријте ја на дамката.
По овие чекори, можете на вообичаен начин да го ставите парчето облека во машината за перење за да се испере со другите алишта. За повеќе корисни совети заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.
Следно прочитајте: „Истријте ја облеката со лимон и видете што се случува – после овој генијален метод за вадење дамки, никогаш нема да ја фрлате кората“ – ОВДЕ.