10 години правам зимница од пиперки на овој начин – да се потсетиме на старите рецепти без хемија и конзерванси!
4 рецепти за подготовка на пиперки за зима. Зимница од пеглани пиперки, маринирани пиперки со лук, барена пиперка маринирана со мед, барени пиперки полнети со зеленчук. Најдобрите рецепти за конзервирање пиперки во тегли. Чувајте ги пиперките без струја или фрижидер повеќе од една година!
рецепт 1: 00:00 пеглани пиперки
рецепт 2: 08:36 барени пиперки маринирани со мед
рецепт 3: 13:53 барени пиперки од тегла
рецепт 4: 20:08 пиперки маринирани со лук
ПЕГЛАНИ ПИПЕРКИ: 4 кг испрани црвени пиперки (сплоснати за полесно да се пеглаат), 1 кг моркови, 1-2 главици лук, 2 китки свеж магдонос, 1 супена лажица црн пипер во зрно, лути пиперчиња, 100 г сол, 200 г шеќер, 200 мл оцет 9% (или 400 мл оцет 5%), 5 литри вода
ПОСТАПКА: Пиперките измијте ги и исчистете ги од дршките и семето. Морковот измијте го и излупете го, па исечкјате го на тенки тркалца. Лукот исто така излупете го и исечете го на тенки ливчиња. Магдоносот исперете го, исцедете го и ситно исечкјате го.
Маринада: во тенџере сипете 1 супена лажица црн пипер во зрно, 100 г сол, 200 г шеќер, сечкан лук, сечкан магдонос, 200 мл бел (алкохолен) оцет 9%. промешајте за да се растопат солта и шеќерот.
Во секоја пиперка ставете по 2-3 лажици од смесата. Пиперките оставете ги легнати во некој поголем сад. Преку првиот ред пиперки ставете една полна рака сечкани моркови, па продолжете ја постапката. После секој ред пиперки ставајте по малку морков.
Остатокот од смесата истурете го одозгора врз последните пиперки. Поставете некоја широка чинија одозгора и притиснете ги пиперките, и одозгора нешто тешко (на пр.пластично шише од 5 литри вода). Вака оставете ги пиперките преку цела ноќ за да омекнат и да ги испуштат своите сокови.
После 24 часа пиперките се омекнати и испеглани, спремни за складирање во тегли. Ќе ви биде потребно уште сечкан лук на ливлиња (1 главица). Редете ги пиперките и потиснувајте ги колку можете повеќе за да собере што повеќе во теглата. Наизменично ставајте лук, морков и пиперки.
Врз секоја наполнета тегла ставете и пластична мрежичка-потиснувач за дополнително да се притиснат пиперките. Залијте со преливот до врв и затворете ги со нови капаци.
Направете пастеризација: во тенџере на дното ставете крпи, ставете ги крпите и налијте вода. Од моментот кога водата ќе зоврие намалете ја температурата колку да струи водата во текот на 35 минути.
Оставете ги постепено да се оладат во водата, па следниот ден сместете ги во визбата или подрумот со остатокот од зимницата. Останатите рецепти можете да ги погледнете во видеопрезентацијата на Тања ОВДЕ.