Потребни состојки:
500 мл течна павлака за шлаг
500 мл кисела павлака
150 г шеќер
150 г чоколадо
10 парчиња бисквити, мелени
Малку дробени лешници, ореви, бадеми, а можете само ореви или по ваш вкус
Постапка:
Изматете го шлагот. Додадете кисела павлака и шеќер, па добро измиксајте.
Растопете го чоколадото на пареа.
Во калап ставете 1/3 од смесата, наросете ½ мелени бисквити, лешници, ореви и бадеми, па прелијте со половина од чоколадото.
Повторно ставете од смесата со шлаг, па повторете ја постапката со бисквитите, лешниците и чоколадото. Одозгора ставете ја преостанатата смеса.
Оставете преку ноќ да се замрзне. Пред послужување извадете ја 15-тина минути за полесно да се сече.
Послужете со чоколаден прелив, прелив од вишни или нешто по сопствен избор.