Од аголот на една жена: Најтешкото нешто за жената е да остари и да гледа како нејзиниот маж губи интерес за неа, а се врти кон помлади девојки.
Нема ништо потешко за жената од тоа кога ќе забележи дека партнерот го изгубил интересот за неа. Тоа е момент на големо разочарување и понижување.
„Зарем зрелите жени не можат да бидат исто толку привлечни и пожелни како и младите девојки? Дали мажите навистина толку ја ценат само младоста, а не ја ценат зрелоста и убавината што доаѓа со годините?“
Многу е тешко кога жените ќе сфатат дека повеќе не одговараат на стереотипот „млади и привлечни“ како што стареат, но уште потешко е кога ќе забележат дека партнерот губи интерес за нив.
„Јас сум сама во четириесеттите и се чувствувам како што не треба да се чувствувам. Без разлика на сето вежбање и напор што ги вложувам за одржување на моето тело и изглед, не можам да изгледам како во моите дваесетти.
Од жена по која сите се вртеа, станав жена која никој не ја ни забележува. Маж ми секој ден ме гледаше со страст, но сега ми врти грб во кревет. Одбивам да се подложам на глупави пластични хирургии и да изгледам на нешто што нема да бидам јас.
Зарем не е доволно тешко да се соочиме со притисоците на стареењето, отфрлањето и губењето на привлечноста…дали треба да бидеме сведоци на отфрлањето дури и од оние кои треба да нè сакаат засекогаш?
Зарем не е доволно што секојдневно работиме напорно, раѓаме и одгледуваме деца, а честопати немаме доволно време или пари да инвестираме во себе? Не е фер!
Зад секоја зрела жена се крие богата историја, полна со подеми и падови, солзи и насмевки. Телото на една зрела жена треба да се сака и почитува повеќе од кога било. Дали треба да бидеме одбиени поради малку полабава кожа и неколку брчки?
Дали нашата вредност може да се сведе само на нашиот изглед? Зарем мажите не разбираат колку нè боли кога сопствениот партнер нè одбива? Истиот партнер кој секогаш барал возбуда и страст во нашата врска!
Зарем мажите не разбираат колку е болно кога бараат да се исклучи светлото, кога среде бел ден ги споделувавме најинтимните моменти на страст? Мислам дека целосно погрешно ја сфативме суштината на љубовта и почитта.
Зрелите жени не треба да се чувствуваат отфрлено. Зрелите жени заслужуваат да бидат третирани како кралици и да бидат сакани онака како што заслужуваат.“