Не е ниту сладолед и чизкејк…Ако го знаете името на овој десерт, сигурно сте растеле со баба…
Шненокли е десертот кој го приготвуваа нашите баби и имаше феноменален вкус. Но се чини дека младите домаќинки повеќе ги фаворизираат новите десерти со слатки павлаки и крем сирења, а овој вкусен и освежителен десерт полека оди во заборав.
Ова е една негова верзија, испробајте го рецептот, нема да се покаете. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 13 плазма бисквити (+ -), 150 мл млеко за натопување на бисквитите.
За шненокли: 1 литар млеко, 5 јајца, малку сол, 150 г шеќер, 2 кесички ванилин шеќер, 2 полни до врв супени лажици брашно.
За посипување: малку мелена плазма
ПОСТАПКА: Подгответе калап со димензии 17х28 см или каков имате, но количините на состојките прилагодете ги според димензиите.
Не е ниту сладолед и чизкејк…Ако го знаете името на овој десерт, сигурно сте растеле со баба…
Бисквитите кратко натопувајте ги во млекотот и редете ги на дното од калапот како основа. Мене ми беа потребни 13 плазма бисквити.
Одземете 100 мл од 1 литар млеко, а остатокот сипете го во тенџере на оган. одвојте ги белките од жолчките во посебни садови.
Додајте прстофат сол во белките и пенасто изматете ги во цврст снег. Постепено додајте 2 супени лажици (одземени од 150 г) и матете додека да се растопи.
Штом млекото зоврие намалете ја температурата, колку да струи. Со лажица црпете од снегот од белки и спуштајте во врелото млеко.
Оставете да порасне минута-две, па превртете. Варете уште минута-две, па извадете со решеткаста лажица и сипете врз бисквитите во калапот.
Постапката повторувајте ја додека да се потроши сиот снег од белки. Изматете ги жолчките со преостанатиот шеќер и ванилата, додајте брашно и 100 мл млеко (претходно што го одвоивте).
Добро изматете да нема грутчиња, па сипете ја содржината во млекото каде ги варевте белките. Варете со непрекинато мешање додека да згусне како пудинг. Кремот сипете го врз варените белки. Декорирајте по желба. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. :
https://youtu.be/mSoBNTwcfGY